ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum
28.06.2013 The New Media & The Society

„ЈутЛИНК“ влегува во втората фаза: Камп за иновација во Сараево

Четиридневниот Камп за иновација којшто се одржа во Сараево, го посетија приближно 110 млади луѓе од шест балкански земји. Поделени во десет помали групи и поддржани од ИТ-експерти, тие два дена тимски работеа за да ги претворат своите проектни идеи во реалност. Завршната церемонија, пак, потврди дека нивниот труд не беше залуден!

30.05.2013 NewsThe New Media & The Society

Школа за креативен документарен филм „АКТив“: Повик за учество

„Студиорум“, „Право Људски“, „ДокуФест“и „МакеДокс“, во соработка со Балканскиот фонд за демократија, за првпат ја организираат Школата за креативен документарен филм „АКТив“. Осмислена како разновидна и неформална образовна програма, „АКТив“ ќе се одржи во Призрен, Косово, и ќе собере на едно место 16 млади луѓе од регионот, со страст за документарни приказни и идеи.

28.03.2013 The New Media & The Society

„ЈутЛИНК“ започнува: Локална работилница во Скопје

Замислен како четиригодишен проект којшто се фокусира на дел од клучните предизвици за стабилноста и мирот на Балканот, „ЈутЛИНК: Поврзување на иноватори кои делуваат за промена“ поддржува група млади луѓе коишто посветено работат кон прекугранично градење доверба и носење позитивни општествени промени. Со цел да ги остварат зацртаните проектни цели, „Интерњуз“ и шесте партнери организираа еднодневни работилници во секоја од земјите на партнерските организации.

27.02.2013 NewsThe New Media & The Society

„ЈутЛИНК“: Повик за пријавување на локална работилница

„Интерњуз“–Босна и Херцеговина и партнерите од регионот отпочнаа со спроведување на проектот „ЈутЛИНК: Поврзување на иноватори кои делуваат за промена“.
Фокусирајќи се на нетолеранцијата и дискриминацијата како едни од најголемите предизвици за стабилноста и мирот на Балканот, проектот поврзува млади луѓе од шест земји во регионот овозможувајќи им, притоа, да создадат нови он-лајн социјални платформи и основа за оф-лајн соработка на локално ниво.

25.02.2013 NewsThe New Media & The Society

Повик за трудови за Списанието за европски прашања „Евродијалог“ бр. 18

ЦРИС Студиорум објавува Повик за трудови Рок за поднесување на трудови: 21 март 2013 година. За „Евродијалог“ бр. 18 ги повикуваме авторите/ките да поднесат трудови со кои се истражуваат различни прашања поврзани со ЕУ од областите право, економија, јавна администрација, меѓународни односи, политички науки, комуникации, нови технологии и општеството, енергетика, животна средина, здравство, како и […]

01.10.2012 The New Media & The Society

Започнува проектот „Ние сме визуелни!“

„Ние сме визуелни! Едукација и визуелизација на човековите права“ е партнерски проект кој има за цел да ги унапреди човековите права во образованието преку употреба на документарни филмови и аудиовизуелна уметност. Првиот настан во рамките на проектот беше иницијалниот состанок во старата Скопска чаршија кој се покажа како одлична можност за проектните партнери да ја продискутираат методологијата на проектот и да развијат акциски план.

03.09.2012 NewsThe New Media & The Society

Повик за трудови за Списанието за европски прашања „Евродијалог“ број 17

Центарот за регионални истражувања и соработка „Студиорум“ објавува повик за трудови за: Списание за европски прашања „Евродијалог“ бр. 17 Рок за поднесување на трудови: 15 октомври 2012 година. „Евродијалог“ е академско списание на ЦРИС Студиорум, кое се објавува два пати годишно, а има за цел да промовира објективно, критичко и аналитичко размислување за прашања од […]



©2008-2024 CRPRC Studiorum. Custom WP template developed by manche