ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum
11.05.2015 Health Policy and ManagementNews

Светскиот ден на хигиената на рацете одбележан и во Македонија

Со цел подигање на свеста кај населението и здравствените работници за ефективноста на хигиената на рацете, која долгорочно придонесува и кон намалување на употребата на антибиотици и на антимикробната резистенција, Македонија втора година по ред се приклучи кон одбележувањето на Светскиот ден хигиената на рацете (5 мај). Организиран под покровителство на Мултисекторската комисија за антимикробна […]

02.01.2015 Health Policy and ManagementNews

„Имплементација на политиките во електронското здравство во Македонија“ презентирана на конференцијата за е-Здравство во Ротердам

Публикацијата „Имплементација на политиките во електронското здравство во Македонија“,на која автор е Стефан Чичевалиев од Здружението „6та Ѕвезда“ а ко-автор е Неда Милевска Костова од „Студиорум“, беше презентирана на конференцијата за е-Здравство, на која се дискутираше за прашањата и предизвиците од областа на политиките и менаџментот на здравствената заштита.

27.11.2014 Health Policy and ManagementNews

Студиорум придонесува кон Нацрт-глобалниот акциски план на СЗО за антимикробна резистеција

Препознавајќи ја потребата од глобален пристап во борбата против антимикробната резистенција, Студиорум се вклучи во двомесечниот електронскиот консултативен процес на Светската здравствена организација.

24.11.2014 Health Policy and ManagementNews

Европскиот ден за рационална употреба на антибиотиците одбележан на Вонредната министерска средба на ЗМЈИЕ

Годинешното одбележување на Европскиот ден за рационална употреба на антибиотиците (18 ноември) беше дел од Вонредната министерска средба на Здравствената мрежа на Југоисточна Европа којашто се одржа во Скопје во рамки на македонското претседателство со Мрежата.

25.09.2014 EventsHealth Policy and Management

„Антибиотиците не се храна“: Семинари за рационална употреба на антибиотици

Со цел превенција на нерационалната употреба на антибиотиците и антимикробната резистенција, а во рамки на постојната иницијатива за одбележување на Европскиот ден за рационална употреба на антибиотици (European Antibiotic Awareness Day), во соработка со Министерството за здравство на РМ, Фондот за здравствено осигурување на Македонија и Институтот за јавно здравје на РМ, Студиорум ќе организира […]

23.09.2014 EventsHuman Rights Program

УСАИД го објави 17-то издание на Индексот на одржливост на граѓанските организации за Централна и Источна Европа и Евроазија

Годинешната презентација на 17-то издание на Индексот на одржливост на граѓанските организации за Европа и Евроазија, објавен од страна на УСАИД, беше организирана од Студиорум и Македонскиот центар за меѓународна соработка во рамки на Платформата за антикорупција и добро владеење. Според извештајот за 2013 година, зголеменото ниво на граѓанско учество им оди во прилог на […]

29.05.2014 EventsHuman Rights ProgramNews

Развивање соработки: Тркалезна маса за политиката, општеството и ЛГБТК заедницата во Македонија

ЛГБТК лицата се жртви на дискриминација и малтретирање низ целиот свет. Унапредувањето на правата на ЛГБТК лицата во Централна и Источна Европа не се случува со истото темпо како во останатите делови на светот. Кристефер Стојановски, стипендист на програмата „Фулбрајт“, спроведе истражувачки проект за влијанијата на општеството и политиката врз ЛГБТК заедницата во Македонија. Тој […]