ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum
07.05.2014 EventsHuman Rights Program

На 12ти мај 2014 година ќе се одржи конференцијата „Бизнис и човекови права“

Центарот за регионални истражувања и соработка „Студиорум“ ја организира конференцијата „Бизнис и Човекови права“, која ќе се одржи на 12ти мај 2014 година во Универзитетот Американ Колеџ – Скопје, во Скопје.

04.05.2014 EventsHealth Policy and Management

Одбележување на 5 мај – Европскиот ден за хигиена на рацете: СПАСЕТЕ ЖИВОТ, Чистете ги рацете

По повод Европскиот ден за хигиена на рацете: СПАСЕТЕ ЖИВОТ, Чистете ги рацете, востановен од страна на Светската здравствена организација во 2010 година во рамки на Првиот глобален предизвик за безбедност на пациентите „Чиста нега е безбедна нега“, на 5 мај (понеделник) со почеток во 13.00 часот во aмфитеатарот на Деканатот на Медицинскиот факултет–Скопје ќе […]

21.01.2014 NewsThe New Media & The Society

Центарот за регионални истражувања и соработка „Студиорум“ објавува повик за трудови

Списанието за европски прашања „Евродијалог“ бр. 19
Тематски број за еднаквост и не-дискриминација

17.11.2013 Health Policy and ManagementNews

По шести пат ќе се одбележи Европскиот ден за рационална употреба на антибиотиците

По шести пат ќе се одбележи европскиот ден за рационална употреба на антибиотиците. Главни активности оваа година ќе бидат презентација на промотивни материјали за подигнување на свеста и еднодневна тренинг сесија за микробиолози за следење на протоколите и упатствата на ЕУКАСТ.

10.10.2013 EventsHuman Rights Program

Извештај: 16ото издание на индексот на одржливост на граѓанските организации

16ото издание на индексот на одржливост на граѓанските организации, кој ги покрива настаните во Централна и Источна Европа и Евроазија во 2012 година. Индексот го следи напредокот на граѓанскиот сектор во дваесет и девет земји во последните шеснаесет години. Тој ја испитува целосната овозможувачка средина за граѓанското општество, фокусирајќи се на законската рамка, капацитетот на организациите, финансиската моќ, застапувањето, давањето на услуги, инфраструктурата, и сликата во јавноста.

24.09.2013 Health Policy and ManagementNews

Студиорум учествуваше на состанокот на Регионалниот комитет на СЗО

Претставничка на Студиорум учествуваше на 63иот Регионален комитет на Светската здравствена организација (СЗО), на кој се дискутираше напредокот по спроведувањето на рамковната политика Здравје 2020 за здравје и благосостојба на граѓаните и заедниците во европскиот регион, како и нови начини за зголемување на учеството на граѓанското општество во спроведувањето на Здравје 2020. Дваесет клучни индикатори за следење на имплементацијата на оваа политика беа претставени и усвоени овој состанок.

06.09.2013 NewsThe New Media & The Society

YANA: Одбележување на Националниот ден на службата и сеќавањето

„Студиорум“, SWT Алумни Македонија и Младинскиот совет при Американската амбасада во Македонија, поддржани од Американската амбасада во Македонија, ја организираа првата хуманитарна акција како дел од проектот You Are Not Alone (YANA). Целта на акцијата беше да се одбележи 11 Септември – Националниот ден на служба и сеќавање, денот кога американскиот претседател Барак Обама ги повикува младите од целиот свет да им помогнат на сите оние на коишто помошта им е неопходна во каква било форма.