ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum
05.11.2015 Health Policy and Management

Светска недела за рационална употреба на антибиотици: „Антибиотици: употребувајте ги внимателно“

Настојуваќи да ги поддржи напорите за внимателна употреба на антибиотиците на глобално ниво и така да придонесе кон остварувањето на една од клучните цели на глобалниот акциски план усвоен на 68. Светско здравствено собрание во мај 2015 година, од 16 до 22 ноември 2015 година за првпат ќе се одржи Светската недела за рационална употреба […]

22.09.2015 Health Policy and Management

Проектот ЕУтироид успешно лансиран

Проектот ЕУтироид успешно лансиран Иницијалниот состанок на ЕУтироид се одржа на 7-9 септември 2015 година во Виена, Австрија Иницијалниот состанок на ЕУтироид се одржа во Виена, Австрија, на кој присуствуваа претставници од 32 партнери од 27 земји. Состанокот беше посветен на започнувањето на проектот и на дискусија за одговорностите и односите на партнерите во рамките […]

03.09.2015 Health Policy and Management

Меморандум за соработка со Швајцарскиот совет за бегалци

Центарот за регионални истражувања и соработка „Студиорум“ и Швајцарскиот совет за бегалци потпишаа Меморандум за соработка на 31 јули 2015 година. Со овој Меморандум се воспоставува рамка за соработка помеѓу организациите, пренесувањето на знаење и искуство и креирањето и спроведувањето на заеднички активности. Студиорум ќе придонесе на истражувањата на Швајцарскиот совет за бегалци преку анализа […]

21.07.2015 Health Policy and ManagementNews

СЗО Европа го објави Извештајот од меѓународната работилница за антимикробна резистенција

Антимикробната резистенција (АМР) е една од најголемите здравствени закани денес, како во здравствените установи, така и во заедницата. Препознавајќи ја потребата од меѓусекторски и интердисциплинарен, но и од меѓународен пристап во справувањето со овој јавно-здравствен предизвик, а во согласност со целите на Европскиот стратегиски акциски план за антибиотска резистенција од 2011 година, Регионалната канцеларија на […]

06.07.2015 Health Policy and Management

Успешно организиран онлајн курс за управување со антибиотици во Македонија

На 30 јуни 2015 година во Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје се одржа отворена средба во врска со онлајн курсот „Управување со антибиотици: оптимизација на практиките на пропишување антибиотици“ којшто Медицинскиот факултет и ЦРИС „Студиорум“ го организираа за првпат во Македонија во соработка со Универзитетот во Стенфорд (САД), Министерството за здравство, Регионалната канцеларија на […]

11.05.2015 Health Policy and ManagementNews

Светскиот ден на хигиената на рацете одбележан и во Македонија

Со цел подигање на свеста кај населението и здравствените работници за ефективноста на хигиената на рацете, која долгорочно придонесува и кон намалување на употребата на антибиотици и на антимикробната резистенција, Македонија втора година по ред се приклучи кон одбележувањето на Светскиот ден хигиената на рацете (5 мај). Организиран под покровителство на Мултисекторската комисија за антимикробна […]

02.01.2015 Health Policy and ManagementNews

„Имплементација на политиките во електронското здравство во Македонија“ презентирана на конференцијата за е-Здравство во Ротердам

Публикацијата „Имплементација на политиките во електронското здравство во Македонија“,на која автор е Стефан Чичевалиев од Здружението „6та Ѕвезда“ а ко-автор е Неда Милевска Костова од „Студиорум“, беше презентирана на конференцијата за е-Здравство, на која се дискутираше за прашањата и предизвиците од областа на политиките и менаџментот на здравствената заштита.



©2008-2024 CRPRC Studiorum. Custom WP template developed by manche