ЦРИС Студиорум започна со активностите во рамки на глобалниот проект „Судска практика поврзана со правото на здравје“. Овој проект беше инициран од специјалниот известувач на Обединетите нации за право на здравје, г. Ананд Гровер, а е координиран од страна на „Лојерс колектив“ (Lawyers Collective) од Индија.
Втората годишна научна конференција на Регионалната програма за промоција на истражувањата (РРПП) ќе се одржи 25-27 јуни, 2010 година Драч, Албанија. На конференцијата ќе учествуваат преку 90 учесници од 16 земји од регионот, од Европа и прекуокеански земји. Истражувачи, вклучувајќи ги и тие кои работат на проекти поддржани од РРПП, ќе ги презентираат нивните трудови во пет паралелни работилници.
Како дел од серијата колоквиуми за изучување на методологија, организирани од Регионална програма за поттикнување на истражувањето (Regional Research Promotion Programme – RRPP) член на истражувачкиот тим на ЦРИС Студиорум учествуваше на вториот колоквиум за анализа на секундарни податоци во Приштина, Косово, од 27 до 28 мај 2010 година.
Имајќи ги во својот главен фокус здравствените политики, здравјето на малцинствата, а особено здравјето на Ромите, ЦРИС Студиорум прави напори активно да учествува на настани поврзани со овие теми организирани на глобално ниво, со цел споделување на истражувачкото искуство и наоди. Како дел од овие напори, претставници на ЦРИС Студиорум ќе учествуваат на Третата конференција за здравје на мигрантите и етничките малцинства во Европа, која ќе се одржи во Печ, Унгарија од 27 до 29 мај 2010 година.
ЦРИС Студиорум учествува во активностите организирани во рамки на 2010 – Европска година за борба со сиромаштијата и социјалната исклученост. Проектот „Соработка за намалување на сиромаштијата“ (КОПОРЕ) има за цел да привлече внимание на здравствените нееднаквости, со фокус на маргинализираните групи целејќи кон развивање на нови компетенции и пристапи во високото образование фокусирајќи се на достапна здравствена заштита, здравствена писменост и оспособување на клиентите и нивните заедници.
ЦРИС Студиорум е еден од добитниците на истражувачки грант за 2010/11 година кои ги доделува Регионална Програма за Поттикнување на Истражувањето (РРПП). Со Програмата раководи Универзитетот од Фрибург, а е финансирана од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка. РРПП во земјите од Западен Балкан има за цел да ги промовира и зајакне истражувачките капацитети во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија.
Наградата „Бисер на мудроста“ се доделува на лица и организации кои дале несебичен придонес за спречување на појавата на рак на грлото на матката во своите заедници. ЦРИС Студиорум како дел од македонскиот тим е добитник на признанието за програмата Прогресивна имплементација на организирана превенција од рак на грлото на матката.