ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum
29.12.2013 Human Rights ProgramProgram Areas

Придонес на Студиорум за вториот Универзален периодичен преглед на Македонија

Во рамки на консултациите на засегнатите страни за вториот Универзален периодичен преглед на Македонија, Студиорум поднесе заеднички придонес со организациите Рома С.О.С. и ЛИЛ. Овој придонес и сите други документи во врска со овој преглед закажан за 30ти јануари 2014 година се сега достапни на интернет. Ни причинува задоволство што значителен дел од препораките и голем дел од критичкиот преглед на сегашната ситуација од придонесот најдоа свое место во резимето подготвено од КВКЧП.

10.10.2013 EventsHuman Rights Program

Извештај: 16ото издание на индексот на одржливост на граѓанските организации

16ото издание на индексот на одржливост на граѓанските организации, кој ги покрива настаните во Централна и Источна Европа и Евроазија во 2012 година. Индексот го следи напредокот на граѓанскиот сектор во дваесет и девет земји во последните шеснаесет години. Тој ја испитува целосната овозможувачка средина за граѓанското општество, фокусирајќи се на законската рамка, капацитетот на организациите, финансиската моќ, застапувањето, давањето на услуги, инфраструктурата, и сликата во јавноста.

12.06.2013 Human Rights ProgramPublications

Студиорум серија коментари на случаи и прегледи за Човекови права

ЦРИС Студиорум започнува со објавување на серија коментари на случаи и прегледи за важни елементи во развојот на Човековите права на глобално ниво, но и на оние кои се директно врзани за Македонија.

21.03.2013 Human Rights ProgramPublications

Студија „Национални институции за Човекови права: нормативни модели и предизвици“

ЦРИС Студиорум ја објави студијата „Национални институции за Човекови права: нормативни модели и предизвици“ во која се разгледуваат двете национални институции за Човекови права во Македонија – Народниот правобранител и Комисијата за заштита од дискриминација.

21.01.2013 EventsHuman Rights ProgramNews

Меѓународна конференција за национални институции за Човекови права во Скопје

Меѓународната конференција „Националните институции за човекови права и промоцијата и заштитата на Човековите права во Македонија и Западниот Балкан” се одржа на 3ти и 4ти октомври 2012 година, во ЕУ Инфо Центарот во Скопје. Претставници од националните институции за Човекови права и од граѓански организации од регионот ЈИЕ се собраа да дискутираат правни, економски и аспекти на применетите политики во врска со сегашните институционални рамки за Човекови права во земјите од регионот.

02.12.2012 Human Rights ProgramNews

Објавен извештајот за индексот за владеење на правото за 2012 година

На 28 ноември, 2012 година, The World Justice Project (WJP) го објави Изврштајот за Индексот за владеење на правото за 2012 година (WJP Rule of Law Index 2012). Оваа година, извештајот, за прв пат вклучува 97 земји и јурисдикции. Преку својата Програма за човекови права, Студиорум исто така учествуваше во изработката на овој Индекс.

28.11.2012 Human Rights ProgramNews

Правен семинар 2012 – Закони за еднаквост за сите: претстојни предизвици

ЦРИС Студиорум имаше свој претставник на годишниот правен семинар организиран од Европската мрежа на правни експерти за не-дискриминација и Европската мрежа на правни експерти за родова еднаквост, кој се одржа на 26ти ноември 2012 година во Брисел.



©2008-2024 CRPRC Studiorum. Custom WP template developed by manche