ЦРИС Студиорум имаше свој претставник на годишниот правен семинар организиран од Европската мрежа на правни експерти за не-дискриминација и Европската мрежа на правни експерти за родова еднаквост, кој се одржа на 04ти октомври 2011 година во Брисел.
Претставничка на ЦРИС Студиорум презентираше на меѓународна конференција организирана по повод десетгодишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. Првичните резултати од проектот „Ефективното политичко учество на помалите етнички заедници на локално ниво во Република Македонија“ беа презентирани на меѓународна конференција.
Студиорум Ве поканува на настанот „Ефективно политичко учество на помалите етнички заедници во локалната самоуправа во Република Македонија – влијание на Охридскиот рамковен договор“ кој ќе се одржи во среда, 22 јуни 2011 година во „ЕУ Инфо центар“ во Скопје од 12:00 до 16:00 часот.
Во неговиот нов блог пост, Горан Булдиоски разгледува два примери на добра практика за соработка помеѓу тинк-тенк организации и НВОа. Соработката на Студиорум со ЛИЛ на документ за применети политики во врска со затекнатата група граѓани – Роми, е еден од примерите кои ги дискутира. Булдиоски е истражувач и долгогодишен набљудувач на тинк тенк организациите како форма на организирање, и е директор на Тинк тенк фондот на ИОО.
Претставничка на ЦРИС Студиорум учествуваше на „Користење на информациите и податоците за зголемена комуникација и застапување“, настан за градење на капацитети организиран од Програмата за информации и од Фондот за тинк-тенкови на Институтот за отворено општество.
Во Истанбул, Турција се одржа вториот координативен состанок на правниците-практиканти и партнерите во проектот „Следење и унапредување на имплементацијата на регулативата за човекови права во здравствената заштита“. Целта на состанокот беше да се дефинираат и усогласат идните проектни активностите, да се воведат новите партнери и да се споделат искуствата.
Оваа кратка информација го разгледува Законот за спречување и заштита од дискриминација усвоен од Собранието на Република Македонија на 8 април 2010 година, а објавен во Службен весник број 50 на 13 Април 2010 година.