ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum

Повик за трудови за Списанието за европски прашања „Евродијалог“ број 17

Центарот за регионални истражувања и соработка „Студиорум“ објавува повик за трудови за:

Списание за европски прашања „Евродијалог“ бр. 17

Рок за поднесување на трудови: 15 октомври 2012 година.

„Евродијалог“ е академско списание на ЦРИС Студиорум, кое се објавува два пати годишно, а има за цел да промовира објективно, критичко и аналитичко размислување за прашања од различни области поврзани со Европската Унија и приближувањето и приклучувањето во ЕУ.

За „Евродијалог“ бр. 17 ги повикуваме авторите/ките да поднесат трудови со кои се истражуваат различни прашања поврзани со ЕУ од областите право, економија, јавна администрација, меѓународни односи, политички науки, комуникации, нови технологии и општеството, енергетика, животна средина, здравство, како и од други релевантни области. Предност имаат истражувачки теми кои дирекно разработуваат прашања поврзани со Копенхагенските критериуми, а кои се фокусирани на анализи и студии на случај во однос на потребите и условите кои потекнуваат од ЕУ acquis unionaire.

Одбраните трудови ќе бидат публикувани во 17-то издание на „Евродијалог“, кое ќе биде објавено во дигитална форма на CD, на македонски и на англиски јазик. Покрај CD изданието, списанието во дво-јазична форма се објавува и на веб-локацијата на „Евродијалог“.

Рокот за поднесување на трудови е 15 октомври 2012 година. Ве молиме да поднесувате само готови трудови или трудови кои се во финален нацрт. При испраќањето на трудот назначете дали се работи за финална верзија или финален нацрт. Готовите трудови се приложуваат до Уредничкиот Одбор преку електронска пошта на evrodijalog@studiorum.org.mk.

Ги очекуваме Вашите трудови!

Уреднички Одбор
Списание за европски прашања „Евродијалог“
Скопје, 4 септември 2012 година

Линк за преземање:
Повик за трудови за Списание за европски прашања „Евродијалог“ број 17 (.pdf)