ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum

Книга: Тинк тенковите во ЦИЕ и квалитетот на нивните истражувања од Горан Булдиоски

Преземи ја книгата

Како тинк тенк организација, Студиорум настојува да придонесува кон зголемување и размена на знаењето и практиките за основање, менаџирање и други аспекти врзани за тинк тенковите како форма на организирање. Како дел од овие напори, Студиорум ја објави книгата „Тинк тенковите во Централна и Источна Европа и квалитетот на нивните истражувања за применети политики“ од Горан Булдиоски – долгогодишен истражувач и набљудувач на тинк тенковите во ЦИЕ и во светот, и директор на Тинк-тенк фондот на ИОО. Книгата е достапна за безплатно симнување на македонски и англиски јазик.

Резиме:

„Тинк тенковите во Централна и Источна Европа често добиваат пофалби за нивната способност да влијаат на владините политики, а помалку да анализираат различни политички алтернативи. Досегашната литературата го разгледуваше влијанието на овие организации под претпоставка дека истото е поддржано од квалитетни истражувања. Овој труд ќе покаже дека почитувањето на стандарди за квалитет во истражувањата на применети политки и способноста да ги комуницираат своите препораки во голема мера зависи од контекстот во кој тинк тенковите функционираат. Анализирајќи ја работата на шест тинк тенкови во четири држави низ призмата на плуралистичката демократија, теоријата на елити и режимите на знаење, овој труд ја идентификува потребата поединечни тинк тенкови или нивни мрежи да развијат стандарди за квалитет на истражувањата на применети политки и на дисеминацијата на резултатите и препораките од нивните истражувања.“”