ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum

Потпишан Меморандум за соработка со Сојузот на здруженијата на пензионерите

Успешната соработка помеѓу Студиорум и СЗПМ која се одвиваше во рамките на пилот истражувањето за тоа какви се и што за тоа мислат пензионерите за условите за активно и здраво стареење во Македонија, на 15 февруари 2013 година и официјално беше дефинирана со потпишување на Меморандум за соработка.

ЦРИС Студиорум активно и долгорочно се приклучува кон активностите за реализација на Националната стратегија за стари лица на Република Македонија (2010-2020 година), како и кон активностите во Европа и ЕУ за активно стареење.

Успешната соработка помеѓу Студиорум и СЗПМ која се одвиваше во рамките на пилот истражувањето за тоа какви се и што за тоа мислат пензионерите за условите за активно и здраво стареење во Македонија, на 15 февруари 2013 година и официјално беше дефинирана со потпишување на Меморандум за соработка од страна на м-р Неда Милевска- Костова, извршна директорка на Студиорум и г-дин Драги Аргировски, претседател на СЗПМ, во присуство на потпретседателот на Собранието на СЗПМ г-дин Бесник Поцеста, потпретседателот на Извршниот одбор на СЗПМ г-дин Методија Тошевски, секретарот на Извршниот одбор г-ѓа Станка Трајкова, европската експертка за здраво стареење м-р Снежана Чичевалиева, Комисијата за здравство при СЗПМ, како и преставници на здруженијата напензионери кои учествуваа во пилот истражувањето за условите и можностите за здраво и активно стареење: Кисела Вода, Аеродром, Гази Баба, Ѓорче Петров, Центар и Сарај.

Потпишувањето на Меморандумот за соработка е од големо значење за унапредување и зацврстување на соработката помеѓу Студиорум и СЗПМ, како и за остварување на долгорочните цели и стратешката определба за подобрување на квалитетот на живот и на условите за здраво и активно стареење во Република Македонија и останатите земји од Западниот Балкан.

На средбата беа презентирани и резултатите од пилот истражувањето, кое претставува само иницијален чекор во согледувањето на состојбата во однос на условите и можностите кон создавање оптимални услови и можности за подобро активно и здраво живеење, како и за активно учество на возрасното население и пензионерите во општеството и во заедницата.

Во Македонија, ова е прво истражување од ваков вид. Со него беа опфатени 740 пензионери во Скопје, а во насока на утврдување на приоритетите кон изработка на посеопфатна база на податоци за сите пензионери во земјата – социјалната карта на пензионерите во Република Македонија што ја иницираше СЗПМ, а ќе се реализира во текот на 2013 година.

За натамошно унапредување на соработката помеѓу Студиорум и СЗПМ, како и за идните чекори кон остварување на здраво и активно стареење во Македонија, на настанот своите согледувања со останатите учесници ги споделија м-р Снежана Чичевалиева, г-дин Бесник Поцеста, г-а Станка Трајкова, како и преставниците на скопските здруженија.

ЦРИС Студиорум активно и долгорочно се приклучува кон активностите за реализација на Националната стратегија за стари лица на Република Македонија (2010-2020 година), како и кон активностите во Европа и ЕУ за активно стареење.

 

Публикации:

 

Прес клипинг:

[nggallery id=10]