ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum

Студиорум серија коментари на случаи и прегледи за Човекови права

Дел од мисијата на Програмата за Човекови права на ЦРИС Студиорум е следење на развојот и промовирање на меѓународното право за Човекови права, праксата на телата и судовите кои ја следат ситуацијата со Човековите права и/или работат на случаи на прекршувања на Човековите права, како и застапување за ратификација и имплементација на овие инструменти. Во насока на исполнување на оваа мисија, оваа програма ги и следи глобалните случувања и дебати врзани за Човековите права, нивната заштита, промовирање и унапредување.

Од јуни 2013 година, ЦРИС Студиорум започнува со објавување на серија коментари на случаи и прегледи за важни елементи во развојот во оваа област на глобално ниво, но и на оние кои се директно врзани за Македонија (како на пример, препораки дадени по извештаите кои земјата ги поднесува како дел од обврските што произлегуваат од ратификуваните меѓународни договори, или случаи пред судовите/телата каде земјата се јавува како страна). Во мноштвото информации, тешко е редовно да се следат сите активности на развојот на глобално ниво, па целта на серијата коментари и прегледи е да им се олесни следењето на овие настани и пристапот до информации на (правните) практичари, државните институции, граѓанските организации и активистите за Човекови права, а со тоа истите да се поттикнат и охрабрат во својата работа повеќе да ги користат богатата пракса и извори од меѓународното право за Човекови права.

Серијата се состои од два кластери: (1) коментари на случаи и (2) прегледи за Човекови права. Истите се бесплатно достапни за стручната и пошироката јавност на македонски и на англиски јазик. Првото издание на серијата е коментар на случај од ЕСЧП – Хорват и Кис против Унгарија – случај на расна дискриминација на Ромски деца во јавното образование во Унгарија. Сите изданија на серијата можете да ги најдете на следнава веб локација [линк то табот од десната страна на менито]

Доколку сакате да добивате известувања за новообјавените коментари и прегледи на Вашата е-пошта, Ве молиме да испратите порака за регистрација на: series[at]studiorum.org.mk