ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum

Школа за креативен документарен филм „АКТив“: Повик за учество

„Студиорум“, „Право Људски“, „ДокуФест“ и „МакеДокс“, во соработка со Балканскиот фонд за демократија,

ги повикуваат сите млади луѓе, на возраст од 18 до 25 години, да се пријават за регионалната школа за документарен филм „АКТив“

По селекцијата, 16 млади луѓе заинтересирани за креативен документарен филм, ќе учествуваат во Школата за документарен филм „АКТив“, која претставува разновидна и неформална образовна програма.

Бараме млади луѓе со страст за документарни приказни и идеи, кои доаѓаат од средини кои се недоволно застапени во филмската индустрија.

Критериуми

  • Имаш помеѓу 18 и 25 години;
  • Доаѓаш од Босна и Херцеговина, Косово, Македонија или Србија;
  • Можеш да комуницираш на англиски јазик;
  • „АКТив“ е отворена за секого, а особено за млади луѓе кои немаат никакво формално стручно образование и доаѓаат од помали урбани и рурални средини.

„АКТив“ е разновидна и неформална образовна програма која опфаќа неколку сегменти како што се креативно мислење и креативен пристап во процесот на пишување, истражување и развивање приказни за документарен филм, како и режија, камера и звук, монтажа и постпродукција.

„АКТив“ ќе се одржи во Призрен, од 20-ти до 28-ми јули 2013 година.

Присуството на сите работилници и предавања е задолжително за сите учесници и учеснички. Работен јазик е англискиот.

СИТЕ ТРОШОЦИ ЗА УЧЕСТВО (пат, оброци и сместување) ГИ ПОКРИВА ОРГАНИЗАТОРОТ.

За повеќе информации, ве молиме посетете ги нашите вебсајтови:
www.studiorum.org.mk / www.pravoljudski.org / www.dokufest.com / www.makedox.mk
Љубезно ве молиме да ги испратите сите потребни документи
(потполнета пријава за учество, кратка биографија и мотивациско писмо)
најдоцна до
10 јуни 2013 година
на apapikj@studiorum.org.mk

Тука можете да го најдете повикот за учество на школата, а тука формуларот за пријавување.

За дополнителни прашања или нејаснотии, пишете ни на apapikj@studiorum.org.mk

ВАЖНО:

  • Ви препорачуваме да направите копија од вашите документи за учество и да ги сочувате во вашата архива.
  • Сите податоци ќе бидат обработени во тајност. Доколку се откажете од учеството, сите документи ќе бидат уништени.
  • Предвид ќе биде земена само комплетната и навремена документација.