ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum

„Ние сме визуелни“: Меѓународна конференција во Амстердам

WaV-Conference2По низа месеци поминати во договарања, преговарања, безброј мејлови и преводи и збогатени со успешно организираните визуелни работилници, обуките во Амстердам и Нирнберг, многу визуелни дизајни и уште повеќе прекрасни документарни филмови најпосле следи и завршната конференција на „Ние сме визуелни!“.

Осмислена како дводневен визуелен настан во изобилството од фестивалски документарни наслови за време на ИДФА, завршната конференција ќе се одржи во прекрасниот културен центар „Де Бали“, покрај визуелно неодоливите канали на Амстердам. Со многу гости од Балканот, Медитеранот, Северот и Југот…

На 26 и 27 ноември ќе зборуваме за прифатените предизвици и стекнатите искуства и ќе го преставиме нашето визуелно првенче – прирачникот за аудиовизуелизација на човековите права!

Оваа есен во мода ќе биде цијан бојата, а од следната, се надеваме, документарниот филм во наставата!