ЦРИС Студиорум и група поединци (студенти на пост-дипломски студии на Универзитетот Есекс, Велика Британија), учестуваа со пишан придонес во консултациите на ЕК за родов дисбаланс во управните одбори во ЕУ. Придонесот се фокусираше на аспекти од меѓународно право за Човекови права а кои се важни за оваа проблематика (целиот текст на придонесот можете да го симнете на линковите наведени на крајот од веста). Целта на консултациите беше да се соберат придонеси кои ќе бидат искористени за да се дополнат анализите кои веќе се прават за воведување мерки на ЕУ ниво за зголемување на учеството на жените во процесите на одлучување во економијата, а кои ЕК ќе ги користи во процесот на одлучување за тоа какви мерки треба да се спроведат.
Придонес на ЦРИС Студиорум и група поединци