ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum

На 12ти мај 2014 година ќе се одржи конференцијата „Бизнис и човекови права“

Центарот за регионални истражувања и соработка „Студиорум“ ја организира конференцијата „Бизнис и Човекови права“, која ќе се одржи на 12ти мај 2014 година во Универзитетот Американ Колеџ – Скопје, во Скопје. Конференцијата е замислена како паралелен национален настан на годишниот настан за детски права и бизнис принципи кој Глобал компакт го организира истиот ден во Најроби, Кенија.

Целта на настанот е да се отвори дискусија во Македонија за ова, на меѓународно ниво, многу важно и доста дискутирано прашање кое, за жал, во овој национален контекст е доста запоставено; сеуште не се препознаваат врските помеѓу бизнисот и човековите права, ниту пак некои прашања се идентификуваат како резултат од нивната врска и взаемно влијание. Покрај ова, Насочувачките принципи на ООН се ретка тема на дискусија, ретко споменувани или познати во земјава, дури и помеѓу активистите за Човекови права. Поради ова, Студиорум изработи превод на овој текст на македонски јазик, кој ќе биде промовиран и дистрибуиран на конференцијата. Поканети да присуствуваат на настанот се сите клучни засегнати страни од државните институции, меѓународните организации, националните институции за Човекови права, невладините организации.

На овој настан, ќе имаме задоволство да го чуеме предавањето на Проф. Шелдон Лидер од Универзиотетот во Есекс (Велика Британија), кој е светски познат експерт на оваа тема. По неговото предавање, Силва Пешиќ (советничка за Човекови права на ООН во Македонија), Светлана Гелева (државна советничка за мултилатерала во МНР) и Никица Кусиникова (извршна директорка на Конект и контакт лице на Глобал компакт во Македонија) ќе дискутираат на панел за бизнисот и човековите права во Македонија.

Можноста за регистрација за овој настан е отворена до петок – 09.05.2014 година. Доколку сакате да присуствувате, ве молиме да не известите на телефон (+389(02)3065837) или по е-маил (на biljana[at]studiorum.org.mk ).

Материјали за преземање: