ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum

„Имплементација на политиките во електронското здравство во Македонија“ презентирана на конференцијата за е-Здравство во Ротердам

Публикацијата „Имплементација на политиките во електронското здравство во Македонија“, чиј автор е Стефан Чичевалиев од Здружението „6та Ѕвезда“, а ко-автор е Неда Милевска Костова од „Студиорум“, беше презентирана на конференцијата за e-Здравство која се одржа на 11 декември 2014 година во Ротердам, Холандија. На настанот се дискутираше за прашањата и предизвиците од областа на политиките и менаџментот на здравствената заштита, и тоа: електронско здравство и правата на пациентите, бариерите на внатрешниот пазар за е-Здравство, поставување на мобилно здравство и локалното национално искуство во областа на електронското здравство.
Настанот успеа да го привлече вниманието и учеството на претставници од академската заедница и истражувачи од цела Европа, во областа на е-Здравство.
Оваа конференција беше организирана од Институт за креирање на здравствени политики и менаџмент при Универзитетот Еразмус од Ротердам.

Презентации од конференцијата е-Здравство