ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum

Меморандум за соработка со Швајцарскиот совет за бегалци

Центарот за регионални истражувања и соработка „Студиорум“ и Швајцарскиот совет за бегалци потпишаа Меморандум за соработка на 31 јули 2015 година. Со овој Меморандум се воспоставува рамка за соработка помеѓу организациите, пренесувањето на знаење и искуство и креирањето и спроведувањето на заеднички активности.

Студиорум ќе придонесе на истражувањата на Швајцарскиот совет за бегалци преку анализа на здравствените проблеми со кои се соочуваат бегалците, како и достапноста, пристапноста, вредноста и квалитетот на медицинските третмани и лекови во Македонија. Истражувањето ќе се користи за да им се помогне на барателите на азил во Швајцарија.

На 13 август 2015 година, претставници на Швајцарскиот совет за бегалци ги посетија просториите на Студиорум за да се дискутираат следните заеднички активности.