ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum

Проектот ЕУтироид успешно лансиран

Проектот ЕУтироид успешно лансиран

Иницијалниот состанок на ЕУтироид се одржа на 7-9 септември 2015 година во Виена, Австрија

Иницијалниот состанок на ЕУтироид се одржа во Виена, Австрија, на кој присуствуваа претставници од 32 партнери од 27 земји. Состанокот беше посветен на започнувањето на проектот и на дискусија за одговорностите и односите на партнерите во рамките на проектот, програмите за работа и стратегии кои треба да се развијат и спроведат за успешно спроведување на проектот. Генералното Собрание одржа седница на состанокот, за важни теми кои се поврзани со управувањето на проектот.

Покрај агендата, на состанокот се дискутираше и за потребата од национална студија за јоден статус. Се препорача да се следат препораките на Светската здравствена организација, за спроведување на национална студија за јоден статус на секои две до три години.

Состанокот заврши со завршните зборови на претседавачот Хенри Волцке.

Meeting_2

Завршни зборови од претседавачот Хенри Волцке

ЕУтироид е прва пан-европска иницијатива која се занимава со иследување на јодниот внес кај населението во Европа. Истата треба да даде основа за развој на соодветни мерки за хармонизирање и подобрување на внесот на јод во Европа, преку соработка со националните власти.

Мрежата има за цел да ја истражи сегашната ситуација во однос на внесот на јод и здравствените последици од недостаток на јод во земјите-учеснички во проектот. Особен фокус ќе биде ставен на бремените жени и потенцијалното влијание на јодниот дефицит врз интелектуалниот развој на детето. Овие генерални цели ќе бидат реализирани преку следните специфични цели:

  • Собирање на стандардизирани податоци за внес на јод кај населението
  • Споредба на мерките за превенција на јоден дефицит и навиките за исхрана на национално ниво
  • Хармонизирање и стандардизација на собирањето податоци
  • Анализа на соодносот трошок-придобивка (cost-benefit ratio) на постоечките превентивни програми
  • Развој на соодветни мерки за подобрен и унифициран внес на јод
  • Анализа на три студии мајка-дете од региони со различен внес на јод
Meeting_1

Дискусија за работните програми и стратегии за успешно спроведување на проектот

Информативен лист (Македонски)
Информативен лист (Англиски)
Повеќе информации за проектот ЕУ тироид можете да најдете на http://euthyroid.eu/.