ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum

Активностите за рационална употреба на антибиотици презентирани на Симпозиумот: „Антибиотици..? Да, но НЕ и кај АРИ“

На 18 ноември, како дел од активностите за одбележување на Светската недела за рационална употреба на антибиотиците, во организација на Здружението на специјалисти по семејна медицина – Респираторна група и Медицински Факултет Скопје, Центар за семејна медицинасе одржа Вториот Симпозиум: Антибиотици во примарна заштита „Антибиотици..? Да, но НЕ и кај АРИ“. Настанот се одржа на 18-19 ноември 2016 година во просториите на Деканатот при Медицински факултет, Скопје. Модератор на свеченото отварање беше Доц д-р Катарина Ставриќ, на кое беше направена презентација на националните политики и заложби до сега и во иднина за рационална употреба на антибиотиците и спречување на антимикробната резистенција од страна на прим д-р Голубинка Бошевска, а за активностите за рационална употреба на антибиотиците и поддршката од Светската здравствена организација зборуваше д-р Неда Милевска Костова. Свои стручни излагања имаа повеќе доктори и професори од Македонија, Португалија, Грција, Словенија и Хрватска, со цел размена на искуства за подобрување на политиките и практиките за рационална употреба на антибиотиците. На Симпозиумот беше организирана и тркалезна маса модерирана од страна на проф. д-р Никола Пановски и доц. д-р Катарина Ставриќ од која произлегоа заклучоци и препораки за подобрување на политиките и регулативата кон насочено и заедничко делување на сите засегнати страни, вклучувајќи ги здравствените работници, општата јавност, Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување и други чинители кон намалување на непотребната употреба на антибиотици во примарната здравствена заштита.

Линкови: