CRPRC Studiorum
CRPRC Studiorum

(Македонски) Повик за трудови за 24-то издание на Списанието за европски прашања „Евродијалог“

Центарот за регионални истражувања и соработка „Студиорум“ и Редакцискиот одбор на Списанието за европски прашања „Евродијалог“ во соработка со Студиите по новинарство на Правниот факултет „Јустинијан Први”, Универзитет „Св. Кирил и Методиј”, Скопје објавуваат:

Повик за трудови за 24-то издание на Списанието за европски прашања „Евродијалог“
на тема: Медиумите и општеството

Рок за поднесување на трудови: 10 ноември 2017 година.

„Евродијалог“ е издание на ЦРИС Студиорум кое има за цел да промовира критичко и аналитичко размислување за прашања од области поврзани со европските интеграциски процеси. Списанието се објавува два пати годишно.

Бројот 24 на „Евродијалог“ е посветен на комплексните релации меѓу медиумите и општеството, вклучувајќи ја улогата на медиумите во дистрибуцијата на општествената моќ, интеракцијата меѓу политиката и економијата во медиумската сфера, медиумската концентрација и контрола, како и легислативата/регулативата, политиките и институциите на масовното комуницирање.

Ги покануваме авторите кои работат во оваа област да поднесат трудови кои опфаќаат теоретски анализи, применети истражувања или студии на случај. Трудовите се приложуваат до Редакцискиот одбор преку електронска пошта на адресата: evrodijalog@studiorum.org.mk и треба да го следат Упатството кое е во прилог на овој повик.

Рокот за поднесување на трудовите е 10 ноември 2017 година.

Одбраните трудови ќе бидат публикувани во дигитална форма на CD и на веб-локацијата на „Евродијалог“.

Упатство за авторите:

  1. Текстот да биде со должина помеѓу 10 и 15 страници (4500-6000 зборови проверени со word count). Текстот се приложува во електронска форма на електронската пошта на евродијалог: evrodijalog@studiorum.org.mk.
  2. Текстот да биде отчукан во Word (било која верзија) без понатамошни дотерувања. Табели и графикони треба да се подготвуваат во наједноставна форма.
  3. Текстот треба да содржи:
    • име и презиме на авторот и титула;
    • наслов и (евентуално) поднаслови;
    • кратка биографија за авторот (1 реченица);
    • резиме (апстракт) на македонски јазик (1/2 страница);
    • резиме (апстракт) на англиски јазик (1/2 страница); и
    • користена литература.
  4. Јазична лектура и коректура прави Редакцијата на „Евродијалог“.
  5. Повикувањето на користената литература треба да биде унифицирано според т.н. MLA style, односно според следниот пример:
    • за користени книги: – во текстот: (Castells, p.236) – на крајот од текстот (во референциите): Castells, M. The Rise of the Network Society, Blackwell Publishers, Oxford, UK, 1996.
    • за користени списанија: – во текстот: (Robins, p.128) – на крајот од текстот (во референците): Robins, K. and Webster F., “The Iron Cage of the Information Society”, Information, Communication and Society, vol. 1, no. 1, Routledge Journals, Hamphire, UK,1998:44-57
    • за користени Web страници: Greenfield, D. “The Nature of Internet Addiction”, Meetings of the American Psychological Association, August 20, 1999, Available: www.virtual-addiction.com (Accessed: April 13, 2000).
    • за користени весници: _____ “Who Owns the Knowledge Economy”, The Economist, vol. 355, no. 8165, The Economist Newspaper Limited, London, UK, April 8, 2000.
    • за конференциски прилози Blau, A. “Floods Don’t Build Bridges: Rich Networks, Poor Citizens, and the Role of Public Libraries”, Information Landscapes for a Learning Society, June 29 – July 1, 1998, University of Bath, UK,1998.

Во очекување на вашите трудови,

Редакциски одбор,
Списание за европски прашања „Евродијалог“
Скопје, 01 октомври 2017 година


Линк за симнување:
Повик за трудови за Списание за европски прашања „Евродијалог“ број 24 (.pdf)