ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum

Промоција на толковникот по јавно здравство

Република Македонија поминува низ процес на реформирање на системот на здравствената заштита и на јавното здравство. Но, предизвик сеуште преставува изборот на најсоодветни модели за здравствена заштита и здравствено осигурување. Воведувањето на нови концепти и идеи во системот на здравствена заштита неопходно наметнува потреба за едукација и тренинг на здравствените работници, менаџерите, централните и локалните власти, како и потреба од комуницирање на новововедената терминологија.