ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum

Објавен е Прирачникот за предавачи, истражувачи и здравствени работници

Ова е петтата книга која се планира да се објави во рамки на серијата за учители и тренери за јавно здравје во Југоисточна Европа. Иако првичниот план беше овие книги да бидат поставени само на интернет во е-форма, Јавно здравство во Југоисточна Европа (ЈЗ-ЈИЕ), Форумот за јавно здравство во источна Европа (ФЈЗИЕ) и МетаНЕТ проект решија да ги објавуваат овие тренинг материјли и во печатени изданија. Првата од четирите книги беше објавена со поддршката на ЈЗ-ЈИЕ, додека пак последните две со поддршката на МетаНЕТ проект. И двата проекти се поддржани од Германската служба за академска размена (ДААД), а со финансирани од Пактот за стабилност во Југоисточна Европа.

Книгата Менаџмент во практиката на здравствената заштита е збирка од 45 модули напишани од 49 автори од 8 земји. Овие модули ги покриваат областите јавно здравје, циклус на менаџмент (планирање, имплементација и евалуација), технологија и интервенции, организација на здравствена заштита и здравствени сервиси, промени, лидерство и други полиња на здравствена заштита.

Авторите имаа полна слобода во подготвувањето на модулите за тренинг. Тие имаа за задача да развијат што е можно попрактични и поживи модули и материјали за тренинг. Имајќи на ум дека корисникот на овие материјали може секогаш да го интересираат области на менаџментот и организацијата на здравствените услуги кои не се покриени во книгите, некои од трудовите може да бидат оценети дека само начнуваат определени прашања, додека пак некои дека истите потемелно ги обработуваат. Улогата на уредниците беше да ги стимулира авторите да ги пишуваат модулите, и да го направат уредувањето на содржината. Со подготовката и публикувањето на овие модули се цели кон поддршка и подобрување на образованието за јавното здравје и кон тренинг на практичарите од јавното здравје.

Уредниците бараа и ги стимулираа авторките и авторите да вклучат во нивните модули вежби, тестови и прашалници и други практични форми на тренинг. Би биле благодарни доколку споделите со нас коментари во врска со нивната употреба во Вашата секојдневна работа.

Со гордост ве известуваме дека претставнички и претставници од Република Македонија во тимот кој ги израборуваше овие книги беа Неда Милевска – Костова, Елизабета Стикова и Дончо Донев, сите се дел од експертите со кои работи ЦРИС Студиорум. Тие ги дадоа следните трудови:

  • Socio-medical and Ethical Dimensions of the Health Practise (Mrs. Milevska-Kostova and Mr. Donev – Поглавје 1, стр. 43);
  • Health Policy Analysis and Development (Mrs. Milevska-Kostova and Mrs. Stikova – Поглавје 2, стр. 147).

Повеќе информации

Симнете ја книгата