ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum

Одржана тркалезна маса за законската рамка за ХИВ од аспект на човекови права и родова перспектива

ЦРИС Студиорум и програмата за HIV/AIDS UNAIDS во UNDP на 27 јануари 2009 година организираа тркалезна маса. Целта на дискусијата беше да се разгледа предлог верзијата на длабочинската анализа на националната легислатива за ХИВ` од аспект на човекови права и полови разлики која беше спроведена од истражувачкиот тим на Студиорум.

На тркалезната маса беа присутни и членовите на фокус групата на UNDP кои дадоа свој придонес во делот на квалитативно истражување каде присутните дискутираа со цел да ја одобрат предлог верзијата на анализата како и да дадат дополнителни коментари. Изработката на документот е во финална фаза и кога ќе биде завршен ќе претставува корисна алатка за здравствените работници, правниците, социјалните работници и активистите од граѓанските организации кои секојдневно се соочуваат со различни аспекти на ХИВ`/СИДА, како и за лицата кои живеат со ХИВ`/СИДА.

[nggallery id=2]