ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum

Ромите во Македонија – преглед на ситуацијата и предизвиците во домувањето и здравствената заштита

Истражувачкиот тим на ЦРИС Студиорум, Неда Милевска – Костова и Ениса Еминова, во соработка со ХДЗР Месечина од Гостивар, одржаа прес конференција за промоција на извештајот за проценка „Ромската заедница во Република Македонија – преглед на ситуацијата и предизвиците во врска со домувањето и здравствената заштита“. Промоцијата се одржа на 29 февруари 2008 година во Холидеј Ин во Скопје.

Овој извештај за проценка е првата целосна студија од овој вид во која се содржани бројни податоци собрани во Македонија и во другите земји-потписнички на Ромската декада 2005-2015, а во врска со домувањето и здравствената заштита. Извештајот ги идентификува клучните турбуленции, но содржи и успешни практики и методи преку кои може да се зголеми квалитетот на домувањето и здравствената заштита на Ромите.

На промоцијата на резултатите беа присутни и претставници на Владата на Република Македонија, дипломатскиот кор, министерството за труд и социјална политика, и министерството за транспорт и врски, министерството за здравство, и координативниот комитет за декадата.

На сите присутни на промоцијата им беа поделени бесплатни копии од извештајот на македонски и англиски јазик.

Линк: http://www.mesecina.org.mk/

Преземи го извештајот