ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum

Објавен е извештајот „ХПВ вакцинација низ Европа“

 

hpv-vaccination

Ракот на грлото на матката најчесто е предизвикан со долготрајна инфекција од одредени видови на Хуман Папилома вирусот или накусо ХП�`. Има повеќе од 100 типови на ХП�` вирусот. Околу 40 од нив можат да се појават во гениталните области кај мажи и жени и се нарекуваат генитални ХП�`. Некои од овие типови на вирусот можат да предизвикаат разни венерични болести, додека 15 ризични типови можат да предизвикаат абнормални симптоми во грлото на матката и подоцна можат да прераснат во рак.

Овој извештај претставува резиме на политиките и практиките за ХП�` вакцинација низ Европа. Како што може да се види во презентираните информации, ХП�` вакцинацијата е составена од спектар на активности: национални кампањи, вакцинација во училишта, вакцинација во приватни ординации и друго. Целта на овој извештај е да се иницира пошироко распространување на програмата и информирање на целната група.

 

Преземи го Извештајот (верзија на англиски јазик)