ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum

ЦРИС Студиорум е еден од добитниците на наградата „Бисер на мудроста“ за 2010 година

the_teamНаградата Бисер на мудроста се доделува на лица и организации кои дале несебичен придонес за спречување на појавата на рак на грлото на матката во своите заедници.

ЦРИС Студиорум како дел од македонскиот тим е добитник на признанието за програмата Прогресивна имплементација на организирана превенција од рак на грлото на матката.

Наградите беа доделени во јануари 2010 година на Самитот за превенција на рак на грлото на матката кој се одржа во Европскиот парламент.

Др Теута Агаи Демјаха, Советник при Министерството за здравство, Г-ѓа Лилјана Поповска, член на Парламентот на Република Македонија и Претседател на Комисијата за еднакви можности на мажите и жените, Г-ѓа Неда Милевска- Костова, Извршен директор на Центарот за регионални истражувања и соработка „Студиорум”, Проф Јован Тофоски, Претседател на Македонската Медицинска асоцијација и Г-ѓа Вера Златева, Претседател на Организацијата на жени на Свети Николе ја примија наградата Бисер на мудроста Г-ѓа Едите Естрела Член на Европскиот Парламент за програмата Прогресивна имплементација на организирана превенција од рак на грлото на матката во Македонија. Главната цел на оваа програма беше иницирање на модерни начини за превенција на појавата на рак на грлото на матката кој претставува комбинација од прегледи за рано откривање и ХПВ вакцинација на женската популација во Македонија организирана по фази.

Фотогалерија од настанот тука

Линкови:

ecca_banner