Конференцијата е организирана од Универзитетот во Печ, Европската асоцијација за јавно здравје, Институтот отворено општество – Јавно-здравствена програма и други (целосната листа на организатори видете ја тука).
Главни теми на конференцијата ќе бидат:
За време на Конференцијата се планирани неколку работилници, пленарни сесии и мастер предавања. Меѓу главните говорници на конференцијата се: Сузана Јакаб, Директор на ECDC (директор во избор на СЗО Европски регион); Андреј Рајс, Директор на DG SANCO Public Health; Мартин МекКи, LSHTM; Алдо Мороне, NIHMP. Мастер-предавања ќе се одржат и на следните теми: Ментално здравје на младите/втора и трета генерација на мигранти (Проф. Јута Линдерт), Увезени тропски болести (Проф. Габор Тернак); Недокументирани мигранти: истражувачки методи за човековите права (ДСП); Културно сензибилизирани здравствени системи (Проф. Раџ Бопал).
Двајцата истражувачи од ЦРИС Студиорум ќе имаат усни презентации во рамки на работилницата “Дали се здравствените системи подготвени за здравствените потреби на ромското малцинство?” организирана од Институтот отворено општество – Ромска здравствена програма. М-р Неда Милевска – Костова, ќе има презентација на тема “Пристап на Ромите до здравствениот систем: правни и институционални предизвици во Македонија”. М-р Билјана Котевска, ќе зборува на тема “Скенирање на локалниот контекст во Македонија: подготвување на здравствениот систем за Ромите – Ромите во формалното високо медицинско образование” врз основа на истражувањето спроведено заедно со Ивана Томовска.
Резиме: “Скенирање на локалниот контекст во Македонија: подготвување на здравствениот систем за Ромите – Ромите во формалното високо медицинско образование”
Корисни линкови:
Организатори: