ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum

Учество на колоквиум за истражувачки методи за анализа на секундарни податоци

Колоквиумот Анализа на секундарни податоци организиран од Локалната координативна единица на РРПП од Косово, се одржа во Универзитетот во Приштина. Kолоквиумот го водеа Брајан Клајнер, раководител на Одделот за користење на податоци и информации за истражување при Швајцарската фондација за истражување кај општествените науки (ФОРС) од Лозана, Швајцарија и Оливер Липс, сениор истражувач во ФОРС.

Целта на овој колоквиум беше да се истакнат одредени прашања поврзани со различните аспекти на употреба на секундарни податоци за анализа, со фокус на квантитативни сетови на податоци, но исто така се говореше и за повторна употреба на квалитативни податоци. Понатаму, работилницата се концентрираше на управување со податоци и соодветна документација на оригиналното истражување. На колоквиумот беа присутни истражувачи од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Република Македонија.

Дополнителни информации и линкови: