ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum

Студиорум учествува на Втората годишна научна конференција на РРПП

Втората годишна научна конференција на РРПП оваа година ќе се одржи во месец јуни во градот Драч во Албанија. На конференцијата ќе учествуваат преку 90 учесници од 16 земји од регионот, од Европа и прекуокеански земји. Истражувачи, вклучувајќи ги и тие кои работат на проекти поддржани од РРПП, ќе ги презентираат нивните трудови во пет паралелни работилници.

Годишната конференција на РРПП организирана на тема „Социјална, политичка и економска промена во Западен Балкан”, ќе се одржи во Драч, Албанија во периодот од 25 до 27 јуни, 2010 година. Главните цели на конференцијата се:

  • Да се дискутира трансформацијата во Албанија;
  • Да се презентираат и дискутираат РРПП и други истражувачки проекти и нивните резултати (вклучувајќи и прашања поврзани со методологија);
  • Да се дискутираат предизвиците, контрадикторностите и амбивалентноста кои се резултат од процесот на трансформација, а со кои се соочуваат истражувачите на општествените науки на Балканот;
  • Да се овозможи регионално и меѓународно вмрежување и воспоставување на комуникација и можности за нови регионални партнерства за истражување.

Конференцијата ќе ја отворат Н.Е. г-ѓа Ивана Ензлер, Амбасадор на Швајцарија во Албанија и г-дин Николас Хајос, Програмски директор на РРПП. Учесниците ќе имаат можност да ги презентираат и дискутираат нивните трудови на една од методолошките, тематски работилници, каде што можност за презентирање ќе имаат и истражувачите кои се вклучени во истражувачки проекти поддржани од РРПП. Тие ќе ги презентираат своите студии, прашања поврзани со методологијата и резултатите. На конференцијата ќе се одвиваат пет паралелни работилници:

  • ЕУ, управување со конфликти и демократија;
  • Развој, миграција и вклучување;
  • Идентитети, етникум и конфликти;
  • Род и продукција на знаење;
  • Државни структури, елити и граѓанско општество.

На конференцијата ќе присуствува и лидерот на истражувачкиот тим на ЦРИС Студиорум и ќе биде презентирано досегашното истражување на темата: „Здравствена еднаквост и еднаков пристап до здравствената заштита во Македонија: социо-економски, финансиски и аспекти на човекова безбедност”, на работилницата „Развој, миграција и вклучување”.

Програма на конференцијата [PDF]

Дополнителни информации и линкови: