ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum

Почеток на проектот „Поминување на бариерата од 20%“

ned-logo-jpegЦРИС Студиорум отпочна со реализација на проектните активности предвидени со проектот „Ефективно учество на помалите етнички заедници во Македонија: поминување на бариерата од 20%”.Идејата за реализација на проектот доаѓа од потребата за оценка на влијанието на Охридскиот рамковен договор врз правата на помалите етнички заедници, a во предвечерието на десетгодишнината од неговото потпишување.

Поконкретно, преку планираните активности проектниот тим на ЦРИС Студиорум ќе настојува да ги постигне следниве цели:

– оцена на влијанието на Охридскиот рамковен договор врз правата на припадниците на помалите етнички заедници (со фокус на правото на ефективно политичко учество);

– подобрување на имплементацијата на правата на припадниците на помалите етнички заедници во Македонија, со фокус на правото на политичко учество на припадниците на помалите етнички заедници во општините во Македонија.

Проектните активности започнуваат со истражување во кое ќе биде вклучен и надворешен експерт, а кое ќе резултира со изготвување на студија. �`рз основа на наодите од студијата, ќе биде изготвен извештај на применети политики кој ќе содржи препораки за подобрување на уживањето на правото на ефективно политичко учество на помалите етнички заедници, со фокус на уживањето на ова право во локалната самоуправа. Помеѓу проектните активности предвидени се и изработка на документарен филм и музичко видео, насочени кон пошироката публика во Македонија.

Проектот се реализира во периодот помеѓу ноември 2010 и октомври 2011со финансиска подршка од Националната фондација за демократија (National Endowment for Democracy).

Корисни линкови:

Национална фондација за демократија: http://www.ned.org/