ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum

Одржан вториот координативен состанок на правниците-практиканти во Истанбул

fellowsip-orientation-meeting-istanbul-2011-thumbnailОд 15 до 19 февруари 2011 година, во Истанбул, Турција се одржа вториот координативен состанок на правниците-практиканти и партнерите во проектот „Следење и унапредување на имплементацијата на регулативата за човекови права во здравствената заштита”.

Целта на состанокот беше да се дефинираат и усогласат активностите што следат во врска со овој проект, начините на нивно изведување, воведување на новите партнери во проектот и споделување на искуството што го имаат поискусните партнери со партнерите од новите држави што се приклучија кон овој проект.

Целта на проектот, како што кажува и самото име, е да се следи имплементацијата и да се унапреди регулативата од областа на човековите права во здравствената заштита, како и да се обучи еден правник-практикант за работа во областа на човековите права во здравствената заштита. Дополнителна цел на проектот е да се запознаат правниците, здравствените работници, невладиниот сектори пациентите со оваа проблематика и законската рамка од оваа област.

Како дел од активностите,во Скопје во мај 2010 година, излезе од печат „Човековите права во здравствената заштита – Прирачник за практичари” и беа одржани две обуки на оваа тема.�`о тек е изработка на помали верзии од овој прирачник наменети за пациентите, што во следниот период ќе бидат отпечатени и објавени на веб-локацијата www.healthrights.mk заедно со електронската верзија од Прирачникот за практичари.

�`аков прирачник е отпечатен и во Ерменија, а наскоро треба да излезе од печат и во останатите држави каде што се спроведува овој проект.

Овој проект веќе се спроведува во Македонија, Ерменија, Украина и Грузија,додека во Русија, Киргистан и Казакстан неговото спроведување е на самиот почеток.

�`о Република Македонија, овој проект го спроведуваат ЦРИС Студиорум и ЕСЕ Македонија, со финансиска поддршка од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија.

[nggallery id=9]