ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum

Покана за конференција: Ефективно политичко учество во локалната самоуправа и рамковниот договор

Центарот за регионални истражувања и соработка „Студиорум“ Ве поканува на настанот „Ефективно политичко учество на помалите етнички заедници во локалната самоуправа во Република Македонија – влијание на Охридскиот рамковен договор“ кој ќе се одржи во среда, 22 јуни 2011 година во „ЕУ Инфо центар“ во Скопје од 12:00 до 16:00 часот.

Целта на настанот е да се дискутира за положбата на помалите етнички заедници во Република Македонија со помош на излагањата на претставници и претставнички од релевантни државни институции и агенции, граѓански организации, академската заедница. Една од сесиите на настанот ќе биде посветена на општествено-ангажираната уметност, на која ќе има излагања за општествено-ангажираната уметност со посебен осврт на значењето на документарците за Човекови права. Како дел од оваа сесија, а за заокружување на настанот, ќе настапат „Фолтин“ – псевдо-емигрантско кабаре.

Деталите за настанот можете да ги прочитате во агендата за настанот. Доколку сакате да учествувате на настанот, Ве молиме да го пополните краткиот формулар за регистрација на учесници најдоцна до понеделник, 20 јуни 2011 година.

Доколку Ви се потребни дополнителни информации за настанот, или имате проблем да го пополните формуларот за регистрација на учесници, слободно контактирајте не на biljana[at]studiorum.org.mk , office[at]studiorum.org.mk , или на телефон (02) 3065837.

Aгендата за настанот (.pdf на македонски јазик).

Линк до формуларот за регистрација на учесници