ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum

За нас

Центарот за регионални истражувања и соработка „Студиорум“ е невладина непрофитна истражувачка организација (тинк тенк) која работи на економските и социјалните аспекти на ЕУ интеграцијата од значење за Република Македонија и земјите од Југоисточна Европа. Оваа мисија се реализира преку различни програми и истражувачки проекти насочени кон применетите политики, кои придонесуваат кон обидите на носителите на одлуки во дизајнирањето и реализацијата на применетите политики, како и преку поддршка на централната и локалните власти, бизнис и граѓанскиот сектор во нивната комуникација и соработка.

Студиорум е формиран во февруари 2002 година, како независна истражувачка тинк-тенк организација. Оттогаш, Студиорум има изработено голем број истражувачки проекти и анализи на применети политики, во области релевантни за ЕУ интеграциските процеси; еден од проектите кој е се уште активен е издавањето на Списанието за европски прашања „Евродијалог“, кое се занимава со теоретски и применети аспекти на ЕУ интеграцијата на Македонија и другите земји од ЈИЕ. Списанието е достапно на: www.studiorum.org.mk и www.ceeol.com.

Како независна тинк-тенк организација, Студиорум обезбедува средства главно преку проектни грантови.

Партнери и донатори на Студиорум