ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum

Истражувачки методи

Основниот пристап во адресирање на прашањата од интерес е преку соработка со владиниот, деловниот и граѓанскиот сектор, директна комуникација со релевантните национални и локални институции, организирање на јавни дебати и тркалезни маси, истражувања и анализи, и публикација на истражувањата во форма на научни трудови, анализи на применети политики (policy papers) и кратки осврти на применети политики (policy briefs).

Главниот истражувачки пристап на кор тимот на Студиорум и надворешните експерти, ангажирани за одредени специјализирани анализи е преку идентификување на потребите и прашањата од посебен интерес во одредени применети политики, спроведување на инстражување и анализа од достапните информации и документи, како и преку теренски испитувања на клучните засегнати страни, изработка на предлози на применети политики и нивна дискусија во широк консултативен процес, комуницирање на предложените решенија и застапување за истите кај носителите на јавни политики и носителите на одлуки.

Во зависност од прашањето кое се истражува, неговите корактеристики и сензитивност, тимот на Студиорум користи различни пристапи и методи кои се признаени и прифатени во научно-истражувачката работа; тимот на Студиорум располага со експертиза во квалитативната и квантитативната методологија, како и во комбинираниот пристап на методи (mixed method approach). Во однос на застапувањето, Студиорум практикува директна комуникација со носителите на јавни политики и одлуки, пристап до јавноста преку масмедиумите, мултимедијални кампањи преку социјалните мрежи, и сл.