ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum

Програми

ЗДРАВСТВЕНИ ПОЛИТИКИ И МЕНАЏМЕНТ

Оваа програмска област се фокусира на истражувања и анализа на здравствениот сектор во Македонија и земјите од ЈИЕ, како и на заедничките здравствени и социјални политики на ЕУ, во насока на евалуација на здравствената заштита и здравственото осигурување, истовремено предлагајќи решенија за подобрување на здарвствениот систем. Од 2005 година, програмата активно соработува со Министерството за здравство на РМ, Фондот за здравствено осигурување на РМ и други здравствени институции во Македонија и во ЈИЕ регионот.

Стратешки, оваа програма исто така се фокусира на следење на трошењето на јавните пари во здравството, псобено во превентивната и примарната здравствена заштита, со посебен фокус на маргинализираните и вулнерабилните групи население.


ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Мисијата на Програмата за човекови права е сите луѓе да ги уживаат своите човекови права подеднакво, вклучително и правата утврдени со меѓународното право за човекови права. Нашата визија е да спроведуваме висококвалитетни правни и истражувања и анализи за применетите политики, да даваме препораки за применетите политики, да развиваме алатки и спроведуваме други активности (вклучително и градење на капацитетите, промоција на и соработка за човекови права) насочени кон заштита, промоција и унапредување на човековите права. Наш императив е да ја спроведеме оваа визија според највисоките методолошки стандарди, со правилно читање на стандардите на меѓународното право за човекови права и ползување на компаративните практики (колку што дозволува контекстот) не само од Европа, туку и од целиот свет.


НОВИТЕ МЕДИУМИ И ОПШТЕСТВОТО

Оваа програма има за цел да го фацилитира процесот на развој на вештини и знаење во граѓанското општество преку креативни мултимедијални и аудиовисуелни материјали. Преку промоцијата на неформални едукациски методи релевантни за демократското општество и европските вредности, активностите на оваа програма се насочени кон воспоставување ефективни механизми за заштита на човековите права, постојано поттикнувајќи ја јавноста да ги практикува своите права, да ја користи својата моќ и информираност во градењето на активно граѓанско општество.