Процесот на самопроценка на јавно-здравствените операции во Македонија отпочна со тридневна работилница во Охрид, во присуство на експерти од СЗО и владини претставници, чинители од здравствениот и другите сектори од Македонија ги оценуваа јавно-здравствените операции со помош на алатката на СЗО за самопроценка.
Европскиот форум за здравје Гаштајн е водечкиот настан за здравствени политики во Европската унија. Неговото 17-то издание ќе се одржи во почетокот на октомври, а меѓу најавените речиси 600 експерти ќе бидат и претставници на СЗО Европа, ЗМЈИЕ и Студиорум.
Толковникот по јавно здравство беше презентиран на Регионалната конференција за развој на едукација во јавното здравство, која се одржа во Охрид од 18 до 21 мај 2006 година. Ова е една од првите книги за јавно здравство во земјата, која цели да го помогне разбирањето на главните концепти за јавното здравство.
Преводот на книгата „Новото јавно здравство“ на Теодор Х. Тулчински и Елена А. Варавикова (Академски печат, 2000) е првиот официјален учебник на Центарот за постдипломски студии на Школата за јавно здравство, Факултет за медицина при Универзитетот во Скопје.