ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum
28.06.2013 The New Media & The Society

„ЈутЛИНК“ влегува во втората фаза: Камп за иновација во Сараево

Четиридневниот Камп за иновација којшто се одржа во Сараево, го посетија приближно 110 млади луѓе од шест балкански земји. Поделени во десет помали групи и поддржани од ИТ-експерти, тие два дена тимски работеа за да ги претворат своите проектни идеи во реалност. Завршната церемонија, пак, потврди дека нивниот труд не беше залуден!

30.05.2013 NewsThe New Media & The Society

Школа за креативен документарен филм „АКТив“: Повик за учество

„Студиорум“, „Право Људски“, „ДокуФест“и „МакеДокс“, во соработка со Балканскиот фонд за демократија, за првпат ја организираат Школата за креативен документарен филм „АКТив“. Осмислена како разновидна и неформална образовна програма, „АКТив“ ќе се одржи во Призрен, Косово, и ќе собере на едно место 16 млади луѓе од регионот, со страст за документарни приказни и идеи.

28.03.2013 The New Media & The Society

„ЈутЛИНК“ започнува: Локална работилница во Скопје

Замислен како четиригодишен проект којшто се фокусира на дел од клучните предизвици за стабилноста и мирот на Балканот, „ЈутЛИНК: Поврзување на иноватори кои делуваат за промена“ поддржува група млади луѓе коишто посветено работат кон прекугранично градење доверба и носење позитивни општествени промени. Со цел да ги остварат зацртаните проектни цели, „Интерњуз“ и шесте партнери организираа еднодневни работилници во секоја од земјите на партнерските организации.

27.02.2013 NewsThe New Media & The Society

„ЈутЛИНК“: Повик за пријавување на локална работилница

„Интерњуз“–Босна и Херцеговина и партнерите од регионот отпочнаа со спроведување на проектот „ЈутЛИНК: Поврзување на иноватори кои делуваат за промена“.
Фокусирајќи се на нетолеранцијата и дискриминацијата како едни од најголемите предизвици за стабилноста и мирот на Балканот, проектот поврзува млади луѓе од шест земји во регионот овозможувајќи им, притоа, да создадат нови он-лајн социјални платформи и основа за оф-лајн соработка на локално ниво.