ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum
03.02.2010 Health Policy and ManagementNews

ЦРИС Студиорум е еден од добитниците на наградата „Бисер на мудроста“ за 2010 година

Наградата „Бисер на мудроста“ се доделува на лица и организации кои дале несебичен придонес за спречување на појавата на рак на грлото на матката во своите заедници. ЦРИС Студиорум како дел од македонскиот тим е добитник на признанието за програмата Прогресивна имплементација на организирана превенција од рак на грлото на матката.

23.12.2009 Health Policy and ManagementNews

ЕЦЦА ќе ја додели наградата „Бисер на мудроста“ на Студиорум и неговите партнери

Проектот „Прогресивна имплементација на програмата за организирана превенција на рак на грло на матка“ беше избран од членките на Европската асоцијација за цервикален рак (ЕЦЦА) за наградата „Бисер на мудроста“ на престојниот Состанок за цервикален рак, кој ќе се одржи во Европскиот парламент на 26-27 јануари 2010 година.

13.10.2009 Health Policy and ManagementNews

Назначен новиот извршен одбор на Пан-европската политичка мрежа за спречување на цервикалниот рак

Европската мрежа која се состои од 250 национални и европски политичари, Политичари за превенција на цервикален рак, денес го најави назначувањето на Едита Естрела, ПЕП и Маријан Харкин, ПЕП и Д-р Силвана Коч-Мерин, ПЕП и потпретседателка на Европскиот парламент, кои ќе му се придружат на Франсоаз Гросет, ПЕП, на новиот извршен одбор.

23.01.2009 EventsHealth Policy and Management

Извештај од 3тиот состанок на самитот за цервикален рак во Европскиот парламент

Две и пол години по лиценцирањето од страна на Европска комисија на вакцина против ХПВ, причината за цервикалниот рак, само 15 европски земји имаат спроведено национални програми за вакцинација. Ова беше еден од главните наоти на 3-тиот состанок на самитот за цервикален рак кој се одржа во Европскиот параламент на 21 јануари, како дел од Европската недела за превенција на цервикален рак (18-24 јануари 2009).

18.12.2008 Health Policy and ManagementNews

Активности и публикации во рамки на Европската недела за превенција на цервикален рак

Неделата за превенција на цервикалниот рак ќе се одржи од 18-24 јануари 2009 година. Главна цел на одбележувањето на оваа недела е да се подигне свеста за цервикалниот рак и како тој може да се спречи

03.12.2007 Health Policy and ManagementNews

Повик за потпишување на петицијата СТОП за цервикалниот рак

Петицијата СТОП за цервикалниот рак покрената Европската асоцијација за борба со цервикалниот рак (ЕЦЦА) го повикува Европскиот парламент, Европската комисија, и националните власти да го поддржат воспоставувањето на овие програми во Европа, на начин што ќе им овозможи на жените да се заштитат од оваа болест.