ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum
14.11.2012 EventsHealth Policy and ManagementNews

По петти пат го одбележуваме европскиот ден за рационална употреба на антибиотиците

Согледувајќи го значењето на рационалната примена на антибиотиците и големината на проблемот со растечката отпорност на бактериите кон антибиотиците, Македонија уште од самиот почеток на оваа иницијатива во 2008 година беше една од 32те eвропски земји кои активно ја промовираа рационалната примена на антибиотиците меѓу населението и здравствените работници. Оваа година, Европскиот ден е насочен кон промоција на рационалната примена на антибиотиците меѓу докторите по ветеринарна медицина.

18.11.2008 EventsHealth Policy and Management

Одбележување на првиот Европски ден за рационална употреба на антибиотиците

Европскиот ден за рационална употреба на антибиотиците е европска иницијатива за јавно здравје, чија цел е да ја подигне свеста за проблемот со антибиотската резистенца, и да даде информации за тоа како сите може да делуваат кон задржување на ефикасноста на антибиотиците. Фокусот на првото обележување на овој ден е на потребата за намалување на непотребната употреба на антибиотици.

07.04.2008 EventsHealth Policy and Management

Прославен вториот Европски ден на правата на пациентите

Вториот Европски ден на правата на пациентите беше на 18 април 2008 година. Прославата на овој ден во Република Македонија ја организираше ЦРИС Студиорум, како домаќин на настан поддржан од Европската комисија и Мрежата за активно граѓанство од Италија.