ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum
28.03.2013 The New Media & The Society

„ЈутЛИНК“ започнува: Локална работилница во Скопје

Замислен како четиригодишен проект којшто се фокусира на дел од клучните предизвици за стабилноста и мирот на Балканот, „ЈутЛИНК: Поврзување на иноватори кои делуваат за промена“ поддржува група млади луѓе коишто посветено работат кон прекугранично градење доверба и носење позитивни општествени промени. Со цел да ги остварат зацртаните проектни цели, „Интерњуз“ и шесте партнери организираа еднодневни работилници во секоја од земјите на партнерските организации.

18.01.2012 Human Rights Program

ЦРИС Студиорум придонесе во консултациите на ЕК за родов дисбаланс во управните одбори во ЕУ

ЦРИС Судиорум и група поединци учествуваа со придонес во консултациите на ЕК за родов дисбаланс во управните одбори во ЕУ.

27.05.2011 Health Policy and ManagementNews

Промоција на правната анализа на законската рамка за ХИВ/СИДА во Македонија

Анализата покажува како постоечката законска регулатива ги адресира потребите на луѓето кои живеат со ХИВ/СИДА или се под ризик, од аспект на човековите права. Тука е вклучен и пристапот на овие луѓе до здравствена заштита, здравствени и социјални услуги, вработување, правна заштита, образование, како и почитувањето на нивното право на заштита на приватност и доверливост. Направена е и нејзина споредба со меѓународните стандарди и дадени се препораки за надминување на постоечките недостатоци.

13.02.2009 Health Policy and ManagementHuman Rights ProgramNews

Одржана тркалезна маса за законската рамка за ХИВ од аспект на човекови права и родова перспектива

ЦРИС Студиорум и програмата за ХИВ/СИДА УНАИДС во УНДП на 27 јануари 2009 година организираа тркалезна маса. Целта на дискусијата беше да се разгледа предлог верзијата на длабинската анализа на националната легислатива за ХИВ од аспект на човекови права и полови разлики која беше спроведена од истражувачкиот тим на Студиорум.