ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum
23.12.2009 Health Policy and ManagementNews

ЕЦЦА ќе ја додели наградата „Бисер на мудроста“ на Студиорум и неговите партнери

Проектот „Прогресивна имплементација на програмата за организирана превенција на рак на грло на матка“ беше избран од членките на Европската асоцијација за цервикален рак (ЕЦЦА) за наградата „Бисер на мудроста“ на престојниот Состанок за цервикален рак, кој ќе се одржи во Европскиот парламент на 26-27 јануари 2010 година.

26.12.2008 Health Policy and ManagementPublications

Објавен е Прирачникот за предавачи, истражувачи и здравствени работници

Книгата Менаџмент во практиката на здравствената заштита е збирка од 45 модули напишани од 49 автори од 8 земји. Овие модули ги покриваат областите јавно здравје, циклус на менаџмент (планирање, имплементација и евалуација), технологија и интервенции, организација на здравствена заштита и здравствени сервиси, промени, лидерство и други полиња на здравствена заштита.

24.12.2008 HP&M ProjectsProjects

Промоција на толковникот по јавно здравство

Толковникот по јавно здравство беше презентиран на Регионалната конференција за развој на едукација во јавното здравство, која се одржа во Охрид од 18 до 21 мај 2006 година. Ова е една од првите книги за јавно здравство во земјата, која цели да го помогне разбирањето на главните концепти за јавното здравство.

Health Policy and ManagementHP&M ProjectsProjects

Објавен превод на македонски јазик на книгата „Новото јавно здравство“

Преводот на книгата „Новото јавно здравство“ на Теодор Х. Тулчински и Елена А. Варавикова (Академски печат, 2000) е првиот официјален учебник на Центарот за постдипломски студии на Школата за јавно здравство, Факултет за медицина при Универзитетот во Скопје.

18.11.2008 EventsHealth Policy and Management

Одбележување на првиот Европски ден за рационална употреба на антибиотиците

Европскиот ден за рационална употреба на антибиотиците е европска иницијатива за јавно здравје, чија цел е да ја подигне свеста за проблемот со антибиотската резистенца, и да даде информации за тоа како сите може да делуваат кон задржување на ефикасноста на антибиотиците. Фокусот на првото обележување на овој ден е на потребата за намалување на непотребната употреба на антибиотици.