ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum
13.10.2009 Health Policy and ManagementNews

Назначен новиот извршен одбор на Пан-европската политичка мрежа за спречување на цервикалниот рак

Европската мрежа која се состои од 250 национални и европски политичари, Политичари за превенција на цервикален рак, денес го најави назначувањето на Едита Естрела, ПЕП и Маријан Харкин, ПЕП и Д-р Силвана Коч-Мерин, ПЕП и потпретседателка на Европскиот парламент, кои ќе му се придружат на Франсоаз Гросет, ПЕП, на новиот извршен одбор.

29.04.2009 Health Policy and ManagementNews

Објавен е извештајот „ХПВ вакцинација низ Европа“

Овој извештај претставува резиме на политиките и практиките за ХПВ вакцинација низ Европа. Како што може да се види во презентираните информации, ХПВ вакцинацијата е составена од спектар на активности: национални кампањи, вакцинација во училишта, вакцинација во приватни ординации и друго.

Health Policy and ManagementNews

Клучен развој за правата на пациентите во Европскиот парламент

Европскиот Парламент неодамна го усвои извештајот кој ќе им даде на пациентите можност да патуваат низ Европа со цел да добијат здравствена услуга. Директивата е се поблиску до реализација, тоа го покажува усвојувањето на извештајот со 297 гласови ЗА, 120 против и 152 воздржани.

01.04.2009 Health Policy and ManagementNews

„Спасувајте животи. Направете ги болниците безбедни во време на непогоди“

Светскиот ден на здравјето 2009 се фокусира на безбедноста на здравствените установи и на подготвеноста на здравствените работници кои работат во време на непогоди. Здравствените центри и персонал се клучни за ранливите групи во непогоди – за третирање на повреди, спречување на болести и грижа за здравствените потреби на луѓето.

18.03.2009 Health Policy and ManagementNews

Студиорум го потпиша отвореното писмо на ЕПХА за економската криза и здравството

ЦРИС Студиорум како членка на форумот Здравствени политики во ЕУ (ЕПХА), се придружува на отворено писмо за економската криза и здравството. Писмото е пратено до Европските институции, постојаните претставници во Брисел и до европските политички партии.

13.02.2009 Health Policy and ManagementHuman Rights ProgramNews

Одржана тркалезна маса за законската рамка за ХИВ од аспект на човекови права и родова перспектива

ЦРИС Студиорум и програмата за ХИВ/СИДА УНАИДС во УНДП на 27 јануари 2009 година организираа тркалезна маса. Целта на дискусијата беше да се разгледа предлог верзијата на длабинската анализа на националната легислатива за ХИВ од аспект на човекови права и полови разлики која беше спроведена од истражувачкиот тим на Студиорум.

23.01.2009 EventsHealth Policy and Management

Извештај од 3тиот состанок на самитот за цервикален рак во Европскиот парламент

Две и пол години по лиценцирањето од страна на Европска комисија на вакцина против ХПВ, причината за цервикалниот рак, само 15 европски земји имаат спроведено национални програми за вакцинација. Ова беше еден од главните наоти на 3-тиот состанок на самитот за цервикален рак кој се одржа во Европскиот параламент на 21 јануари, како дел од Европската недела за превенција на цервикален рак (18-24 јануари 2009).