ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum
21.01.2009 EventsHealth Policy and Management

Плодни дискусии на конференцијата на Студиорум/ИОО за Ромите и јавното здравство во Македонија

На 22 јануари 2009 година во хотел Холидеј Ин во Скопје, ЦРИС Студиорум и Институтот отворено општество (ИОО) организираа еднодневна конференција на тема „Јавното здравство во Македонија и Ромите: Како досега и понатаму?“, подржана од ИОО програмата за јавно здравство.

26.12.2008 Health Policy and ManagementPublications

Објавен е Прирачникот за предавачи, истражувачи и здравствени работници

Книгата Менаџмент во практиката на здравствената заштита е збирка од 45 модули напишани од 49 автори од 8 земји. Овие модули ги покриваат областите јавно здравје, циклус на менаџмент (планирање, имплементација и евалуација), технологија и интервенции, организација на здравствена заштита и здравствени сервиси, промени, лидерство и други полиња на здравствена заштита.

24.12.2008 Health Policy and ManagementHP&M ProjectsProjects

Објавени извештаи на платформата „Детерминанти поврзани со животниот стил и прекумерната дебелина“

Првиот извештај дава генерален преглед на активностите поврзано со здравственото информирање, кои се типично поврзани за физичката активност и исхраната. Вториот извештај се фокусира на основните здравствени информации за детерминантите поврзани со здравјето и прекумерната дебелина кај децата.

HP&M ProjectsProjects

Проект: Развој на наставен план за медицина на трудот (2005-2006)

Целта на проектот е да придонесе кон хармонизација на наставниот план за медицина на трудот во зејмите на источна Европа и кон подобрување на пренесувањето на знаење на други засегнати страни во врска со работата и здравјето.

Health Policy and ManagementHP&M ProjectsProjects

Почеток на проектот Правата на пациентите како прашање за применетите политики (2004-2006)

Проектот Правата на пациентите како прашање за применетите политики цели да ги анализира политиките за права на пациентите и нивото на квалитет и нивна заштита во различни национални контексти, како и во вид на различните етнички групи, со посебен фокус на ромската популација, како група со најмали предности и најголема социјална исклученост, но и како група која најмногу страда од нееднаквост и дискриминација.

HP&M ProjectsProjects

Промоција на толковникот по јавно здравство

Толковникот по јавно здравство беше презентиран на Регионалната конференција за развој на едукација во јавното здравство, која се одржа во Охрид од 18 до 21 мај 2006 година. Ова е една од првите книги за јавно здравство во земјата, која цели да го помогне разбирањето на главните концепти за јавното здравство.

Health Policy and ManagementHP&M ProjectsProjects

Објавен превод на македонски јазик на книгата „Новото јавно здравство“

Преводот на книгата „Новото јавно здравство“ на Теодор Х. Тулчински и Елена А. Варавикова (Академски печат, 2000) е првиот официјален учебник на Центарот за постдипломски студии на Школата за јавно здравство, Факултет за медицина при Универзитетот во Скопје.