ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum
02.09.2012 Human Rights ProgramNews

Повик за апстракти за меѓународна конференција за национани институции за Човекови права

Во рамки на проектот “Решавање на институционалната сложувалка: Модел на Национална институција за Шовекови права во Република Македонија”, Студиорум ги поканува заинтересираните автори да достават апстракти за презентации и панел сесии за меѓународна конференција со работен наслов „Национални институции за Човекови права и промоцијата и заштитата на човековите права во Република Македонија и земјите од Западен Балкан“.

18.01.2012 Human Rights Program

ЦРИС Студиорум придонесе во консултациите на ЕК за родов дисбаланс во управните одбори во ЕУ

ЦРИС Судиорум и група поединци учествуваа со придонес во консултациите на ЕК за родов дисбаланс во управните одбори во ЕУ.

17.01.2012 Human Rights ProgramNewsPublications

Студија и краток извештај за ефективното политичко учество во локалната самоуправа

ЦРИС Студиорум ги објави Студијата и Краткиот извештај за ефективното политичко учество на помалите етнички заедници на локално ниво во Република Македонија.

27.05.2011 Health Policy and ManagementNews

Промоција на правната анализа на законската рамка за ХИВ/СИДА во Македонија

Анализата покажува како постоечката законска регулатива ги адресира потребите на луѓето кои живеат со ХИВ/СИДА или се под ризик, од аспект на човековите права. Тука е вклучен и пристапот на овие луѓе до здравствена заштита, здравствени и социјални услуги, вработување, правна заштита, образование, како и почитувањето на нивното право на заштита на приватност и доверливост. Направена е и нејзина споредба со меѓународните стандарди и дадени се препораки за надминување на постоечките недостатоци.

06.12.2010 Publications

Кратка информација: Целно решавање на статусот на државјанство на затекната група граѓани – Роми

ЦРИС Студиорум и Организацијата за заштита на правата на жените и децата“ЛИЛ“ заедно ја објавија кратката информација „На полпат: стекнување со правен статус и државјанство на Ромите во Македонија – Целно решавање на статусот на државјанство на затекната група граѓани – Роми во Република Македонија“. Оваа кратка информација ги разгледува можностите за целно решавање на статусот на државјанство на затекната група граѓани – Роми.

15.11.2010 News

Почеток на проектот „Поминување на бариерата од 20%“

ЦРИС Студиорум отпочна со реализација на проектните активности предвидени со проектот „Ефективно учество на помалите етнички заедници во Македонија: поминување на бариерата од 20%”. Целта на проектот е да даде критичка оценка на влијанието на Охридскиот рамковен договор врз правата на помалите етнички заедници, a во предвечерието на десетгодишнината од неговото потпишување.

28.05.2010 Human Rights ProgramPublications

Кратка информација за усвоениот закон за спречување и заштита од дискриминација

Оваа кратка информација го разгледува Законот за спречување и заштита од дискриминација усвоен од Собранието на Република Македонија на 8 април 2010 година, а објавен во Службен весник број 50 на 13 Април 2010 година.