ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum
20.10.2013 The New Media & The Society

„Ние сме визуелни“: Меѓународна конференција во Амстердам

По низа месеци поминати во договарања, преговарања, безброј мејлови и преводи и збогатени со успешно организираните визуелни работилници, обуките во Амстердам и Нирнберг, многу визуелни дизајни и уште повеќе прекрасни документарни филмови најпосле следи и завршната конференција на „Ние сме визуелни!“. Осмислена како дводневен визуелен настан во изобилството од фестивалски документарни наслови за време на […]

06.09.2013 NewsThe New Media & The Society

YANA: Одбележување на Националниот ден на службата и сеќавањето

„Студиорум“, SWT Алумни Македонија и Младинскиот совет при Американската амбасада во Македонија, поддржани од Американската амбасада во Македонија, ја организираа првата хуманитарна акција како дел од проектот You Are Not Alone (YANA). Целта на акцијата беше да се одбележи 11 Септември – Националниот ден на служба и сеќавање, денот кога американскиот претседател Барак Обама ги повикува младите од целиот свет да им помогнат на сите оние на коишто помошта им е неопходна во каква било форма.

30.05.2013 NewsThe New Media & The Society

Школа за креативен документарен филм „АКТив“: Повик за учество

„Студиорум“, „Право Људски“, „ДокуФест“и „МакеДокс“, во соработка со Балканскиот фонд за демократија, за првпат ја организираат Школата за креативен документарен филм „АКТив“. Осмислена како разновидна и неформална образовна програма, „АКТив“ ќе се одржи во Призрен, Косово, и ќе собере на едно место 16 млади луѓе од регионот, со страст за документарни приказни и идеи.

01.10.2012 The New Media & The Society

Започнува проектот „Ние сме визуелни!“

„Ние сме визуелни! Едукација и визуелизација на човековите права“ е партнерски проект кој има за цел да ги унапреди човековите права во образованието преку употреба на документарни филмови и аудиовизуелна уметност. Првиот настан во рамките на проектот беше иницијалниот состанок во старата Скопска чаршија кој се покажа како одлична можност за проектните партнери да ја продискутираат методологијата на проектот и да развијат акциски план.