ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum
21.03.2013 Human Rights ProgramPublications

Студија „Национални институции за Човекови права: нормативни модели и предизвици“

ЦРИС Студиорум ја објави студијата „Национални институции за Човекови права: нормативни модели и предизвици“ во која се разгледуваат двете национални институции за Човекови права во Македонија – Народниот правобранител и Комисијата за заштита од дискриминација.

21.01.2013 EventsHuman Rights ProgramNews

Меѓународна конференција за национални институции за Човекови права во Скопје

Меѓународната конференција „Националните институции за човекови права и промоцијата и заштитата на Човековите права во Македонија и Западниот Балкан” се одржа на 3ти и 4ти октомври 2012 година, во ЕУ Инфо Центарот во Скопје. Претставници од националните институции за Човекови права и од граѓански организации од регионот ЈИЕ се собраа да дискутираат правни, економски и аспекти на применетите политики во врска со сегашните институционални рамки за Човекови права во земјите од регионот.

02.10.2012 EventsHuman Rights Program

Информација за медиумите: конференција за национални институции за Човекови права во Западен Балкан

На 3ти и 4ти октомври 2012 година во ЕУ Инфо Центарот во Скопје, Центарот за регионални истражувања и соработка Студиорум организира Меѓународна конференција насловена “Националните институции за човекови права и промоцијата и заштитата на Човековите права во Македонија и Западниот Балкан.”

02.09.2012 Human Rights ProgramNews

Повик за апстракти за меѓународна конференција за национани институции за Човекови права

Во рамки на проектот “Решавање на институционалната сложувалка: Модел на Национална институција за Шовекови права во Република Македонија”, Студиорум ги поканува заинтересираните автори да достават апстракти за презентации и панел сесии за меѓународна конференција со работен наслов „Национални институции за Човекови права и промоцијата и заштитата на човековите права во Република Македонија и земјите од Западен Балкан“.