ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum
29.04.2009 Health Policy and ManagementNews

Клучен развој за правата на пациентите во Европскиот парламент

Европскиот Парламент неодамна го усвои извештајот кој ќе им даде на пациентите можност да патуваат низ Европа со цел да добијат здравствена услуга. Директивата е се поблиску до реализација, тоа го покажува усвојувањето на извештајот со 297 гласови ЗА, 120 против и 152 воздржани.

24.12.2008 Health Policy and ManagementHP&M ProjectsProjects

Почеток на проектот Правата на пациентите како прашање за применетите политики (2004-2006)

Проектот Правата на пациентите како прашање за применетите политики цели да ги анализира политиките за права на пациентите и нивото на квалитет и нивна заштита во различни национални контексти, како и во вид на различните етнички групи, со посебен фокус на ромската популација, како група со најмали предности и најголема социјална исклученост, но и како група која најмногу страда од нееднаквост и дискриминација.

30.07.2008 Health Policy and ManagementNews

Усвојување на законот за права на пациенти во Македонија

На 2 јули 2008 година, Собранието на Република Македонија го донесе законот за заштита на правата на пациентите. Оваа вест ја пренесуваме со задоволство бидејќи станува збор за многу значаен развој. Но, исто така ја пренесуваме и во очекување на многуте предизвици кои ќе следуваат во врска со имплементцијата на овој закон.