ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum
02.12.2012 Publications

Книга: Тинк тенковите во ЦИЕ и квалитетот на нивните истражувања од Горан Булдиоски

Студиорум ја објави книгата Тинк тенковите во Централна и Источна Европа и квалитетот на нивните истражувања за применети политики од Горан Булдиоски. Книгата е резултат на истражувањето на Горан Булдиоски спроведено во рамки на неговите постдипломски студии. Покрај анализа на тинк тенковите од академски аспект, во оваа книга на Булдиоски е одразена и неговата долгогодишна работа како директор на Тинк-тенк фондот на ИОО.

31.05.2011 Human Rights ProgramNews

Соработката помеѓу Студиорум-ЛИЛ издвоена како добра практика

Во неговиот нов блог пост, Горан Булдиоски разгледува два примери на добра практика за соработка помеѓу тинк-тенк организации и НВОа. Соработката на Студиорум со ЛИЛ на документ за применети политики во врска со затекнатата група граѓани – Роми, е еден од примерите кои ги дискутира. Булдиоски е истражувач и долгогодишен набљудувач на тинк тенк организациите како форма на организирање, и е директор на Тинк тенк фондот на ИОО.

29.04.2011 Health Policy and ManagementNews

Студиорум учествуваше на конференција за научно-општествените истражувања во Македонија

На 14 април 2011 година, во хотелот Континентал во Скопје беше одржана конференција на тема „Состојбата на научно-општествените истражувања во Република Македонија”. Овој настан го привлече вниманието на повеќе тинк-танк организации од Македонија, претставници од државните и приватните универзитети, Министерството за образование и наука, како и независни истражувачи.

29.02.2008 Human Rights ProgramNews

Ромите во Македонија – преглед на ситуацијата и предизвиците во домувањето и здравствената заштита

Истражувачкиот тим на ЦРИС Студиорум, Неда Милевска – Костова и Ениса Еминова, во соработка со ХДЗР Месечина од Гостивар, одржаа прес конференција за промоција на извештајот за проценка „Ромската заедница во Република Македонија – преглед на ситуацијата и предизвиците во врска со домувањето и здравствената заштита“. Промоцијата се одржа на 29 февруари 2008 година во Холидеј Ин во Скопје.