ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum
15.09.2014 Health Policy and Management

Успешен старт на процесот на самопроценка на јавно-здравствените операции во Македонија

Процесот на самопроценка на јавно-здравствените операции во Македонија отпочна со тридневна работилница во Охрид, во присуство на експерти од СЗО и владини претставници, чинители од здравствениот и другите сектори од Македонија ги оценуваа јавно-здравствените операции со помош на алатката на СЗО за самопроценка.

Health Policy and Management

Заедничка сесија на Студиорум, ЗМЈИЕ и СЗО Европа на 17. Европски форум за здравје Гаштајн

Европскиот форум за здравје Гаштајн е водечкиот настан за здравствени политики во Европската унија. Неговото 17-то издание ќе се одржи во почетокот на октомври, а меѓу најавените речиси 600 експерти ќе бидат и претставници на СЗО Европа, ЗМЈИЕ и Студиорум.

21.01.2009 EventsHealth Policy and Management

Плодни дискусии на конференцијата на Студиорум/ИОО за Ромите и јавното здравство во Македонија

На 22 јануари 2009 година во хотел Холидеј Ин во Скопје, ЦРИС Студиорум и Институтот отворено општество (ИОО) организираа еднодневна конференција на тема „Јавното здравство во Македонија и Ромите: Како досега и понатаму?“, подржана од ИОО програмата за јавно здравство.

24.12.2008 HP&M ProjectsProjects

Промоција на толковникот по јавно здравство

Толковникот по јавно здравство беше презентиран на Регионалната конференција за развој на едукација во јавното здравство, која се одржа во Охрид од 18 до 21 мај 2006 година. Ова е една од првите книги за јавно здравство во земјата, која цели да го помогне разбирањето на главните концепти за јавното здравство.

Health Policy and ManagementHP&M ProjectsProjects

Објавен превод на македонски јазик на книгата „Новото јавно здравство“

Преводот на книгата „Новото јавно здравство“ на Теодор Х. Тулчински и Елена А. Варавикова (Академски печат, 2000) е првиот официјален учебник на Центарот за постдипломски студии на Школата за јавно здравство, Факултет за медицина при Универзитетот во Скопје.