ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum
06.12.2010 Publications

Кратка информација: Целно решавање на статусот на државјанство на затекната група граѓани – Роми

ЦРИС Студиорум и Организацијата за заштита на правата на жените и децата“ЛИЛ“ заедно ја објавија кратката информација „На полпат: стекнување со правен статус и државјанство на Ромите во Македонија – Целно решавање на статусот на државјанство на затекната група граѓани – Роми во Република Македонија“. Оваа кратка информација ги разгледува можностите за целно решавање на статусот на државјанство на затекната група граѓани – Роми.

22.05.2010 Health Policy and ManagementNews

Учество на Третата конференција за здравје на мигрантите и етничките малцинства во Европа

Имајќи ги во својот главен фокус здравствените политики, здравјето на малцинствата, а особено здравјето на Ромите, ЦРИС Студиорум прави напори активно да учествува на настани поврзани со овие теми организирани на глобално ниво, со цел споделување на истражувачкото искуство и наоди. Како дел од овие напори, претставници на ЦРИС Студиорум ќе учествуваат на Третата конференција за здравје на мигрантите и етничките малцинства во Европа, која ќе се одржи во Печ, Унгарија од 27 до 29 мај 2010 година.

21.01.2009 EventsHealth Policy and Management

Плодни дискусии на конференцијата на Студиорум/ИОО за Ромите и јавното здравство во Македонија

На 22 јануари 2009 година во хотел Холидеј Ин во Скопје, ЦРИС Студиорум и Институтот отворено општество (ИОО) организираа еднодневна конференција на тема „Јавното здравство во Македонија и Ромите: Како досега и понатаму?“, подржана од ИОО програмата за јавно здравство.

29.02.2008 Human Rights ProgramNews

Ромите во Македонија – преглед на ситуацијата и предизвиците во домувањето и здравствената заштита

Истражувачкиот тим на ЦРИС Студиорум, Неда Милевска – Костова и Ениса Еминова, во соработка со ХДЗР Месечина од Гостивар, одржаа прес конференција за промоција на извештајот за проценка „Ромската заедница во Република Македонија – преглед на ситуацијата и предизвиците во врска со домувањето и здравствената заштита“. Промоцијата се одржа на 29 февруари 2008 година во Холидеј Ин во Скопје.